СДСМ јавно се обврзува дека по победата на изборите во април следната година околу зградата на владата нема да има ограда и дека таа ќе биде извадена. Овој простор повторно ќе им биде вратен на граѓаните, изјави денеска пред зградата на владата портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, кој смета  и дека треба дас е тргне барокот на Груевски и да се врати стариот лик на оваа зграда.

petresilegov

Тој нагласи дека нема ограда што може да го спаси Груевски.

– Никола Груевски се оградува од народот, од граѓаните. Барокната ограда од ковано железо е најголемиот симбол на неговиот страв. Тој се плаши од револтот кај граѓаните коишто не сакаат нечесни политичари. Груевски се плаши од одговорност за криминалот, корупцијата, за сите злоупотреби во изминатите 9,5 години, за се она што се потврди со доказите од проектот „Вистината за Македонија“ – рече Шилегов.

Во време на еднопартискиот систем, зградата на Владата не само што не била оградена, туку просторот околу неа бил еден од поубавите јавни простори. Притоа додаде:

– Но, Груевски се навикна сопствените комплекси и стравови да ги прикрива со нови узурпации на јавниот простор, на парковите, зеленилата, проштадите зошто се залажува дека тоа може да го спаси. Нема ограда што може да му помогне на Груевски.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија јавно се обврзува, дека по победата на изборите во април, оградата околу зградата на владата ќе биде извадена.

 

Слични содржини