Уставот ќе биде прекршен доколку пратениците не се распуштат на 12-ти
октомври. Највисокиот правен акт дава рок од 60 дена, и тоа не може да се менува
со закон, дури и кога се работи за предвремени избори, потсетува професорот по
уставно право, Светомир Шкариќ за Телма.

шкариќ
Токму од роковите за изборни дејствија, партиите извлекуваат заклучок дека
Собранието може да се распушти во рок покус од 60 дена, односно 45 до 60 дена
пред денот на изборите. Математиката почнува од 11-ти декември наназад. Овој
термин за избори, назначен во Пржино, веќе е фиксиран со изборот на Влада за
организирање избори, ад-хок тело за медиуми и одговорен уредник во МТВ 100
дена претходно.
Повеќе ТУКА

Слични содржини