Членовите на матичната собраниска Комисија денеска ќе го разгледуваат Извештајот за извршените контроли на примената на посебната истражна мерка „Следење и снимање на телефонските и други електронски комуникации во постапка утврдена со посебен закон“.

Ова е единствена точка на денешната седница на Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.

Покрај оваа, во Собранието седници ќе одржат и Комисијата за здравство и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На дневен ред на Комисијата за здравство се извештаите на Законодавно-правната комисија по предлог-измените на Законот за санитарна и здравствена инспекција и на Законот за лекови и медицински средства, двата во второ читање.

Комисијата за земјоделство ќе го разгледа извештајот на Законодавно-правната комисија по предлог-измените на Законот за ловство.

Слични содржини