Северниот дел на Белата куќа е затворен поради сомнителен пакет, соопшти тајната служба, а медиумите јавуваат дека е уапсено едно лице.

belata-kuka1-520x346

Американскиот претседател Барак Обама во моментот на делумното затворање на комплексот бил во Белата куќа. Во близина можеле да се видат и возила на службите на Итна помош.

Според надлежните лица, во тек е потрага дали во комплексот се наоѓа уште некоја опасна материја.

Повикувајќи се на полицијата, локалната радио станица „ВТОП“, јави дека уапсено е едно лице.

Во САД денеска се одбележува Денот на сеќавање на сите загинати припадници на вооружените сили, а Обама претходно ги посети воените гробишта во Арлингтон каде присуствуваше на годишнината од комеморацијата на загинатите војници./’извор Мета

Слични содржини