сонце

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ22 Маврово, 26 Лазарополе, 28 Берово, 29 Охрид и Крива Паланка, 30 Прилеп и Претор, 31 Битола, 32 Тетово, Штип и Виница, 33 Скопје и Струмица,  до 35 степени во Демир Капија и Гевгелија.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕССончево и топло со слаб, долж Повардарието и источните делови повремено умерен северозападен ветер.

 

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТСончево, а во крајните источни делови со мала локална облачност. Ќе дува слаб, долж Повардарието и источните делови повремено умерен ветер од северозападен правец. Преку ноќта времето ќе биде ведро со слаб северен ветер.

 

ВРЕМЕТО УТРЕ:  Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во планинските подрачја можен е локален краткотраен дожд. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а дневната од 29 до 36 степени, УВ = 8.

 

СКОПЈЕ УТРЕСончево и топло сомала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ке се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 33 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:  Во следните два дена ќе има преодно наоблачување, при што во планинските подрачја можен е локален краткотраен дожд. Во вторник ќе дува и умерен, на места повремено засилен северен ветер што ќе услови благо опаѓање на дневната температура. Потоа од среда повторно ќе биде стабилно, суво и потопло со УВ = 9.

 

Слични содржини