Советот на јавни обвинители денеска за разрешување на Зврлевски

од Vladimir Zorba

Советот на јавни обвинители денеска треба да расправа по барањето од владата за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Претседателот на советот, Петар Аневски, минатата недела одговарајќи на новинарско прашање, рече дека ќе одговорат во првите 15 дена од рокот во кој треба да го дадат мислењето. Аневски не сакаше да прејудицира какво ќе биде мислењето, позитивно или негативно, и рече дека ќе чекаат прво да го добијат предлогот и да видат какво е образложението на Владата поради кое се бара разрешување на Зврлевски.

Прашан какво е неговото мислење за работата на Зврлевски, Аневски рече дека според неговото мислење „државниот обвинител беше перфектен досега“, односно дека нема никакви забелешки за неговата работа. Зврлевски нема право да учествува на седнцата.

 

Слични содржини