Советот одобри разрeшување на Зврлевски

од desk2

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење на предлогот на Владата да се разреши Републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Сега Советот, мислењето треба да го врати до Владата и заедно со сите документи предлогот за разрешување да го испрати до Собрание.

Собранието треба да закаже седница на која ќе се расправа за разрешувањето на Зврлевски и со 61 глас да го разреши досегашниот јавен обвинител.

Додека трае постапката за избор на нов обвинител, в.д. Републички обвинител ќе биде Џељал Бајрами, кој е прв заменик на Зврлевски./НоваТВ

Слични содржини