Средношколците од повеќе скопски гимназии трет ден ја бојкотираат наставата поради како што велат игнорантскиот однос на надлежните кои и вчера  не се сретнаа со нив. Колку повеќе учениците се обединуваат, толку повеќе наставниот кадар и директорите  се поделени. Јасно е дека директорите се поставени од владеачката ВМРО ДПМНЕ, и спроведуваат политики на владата, исто како што е јасно дека професорскиот кадар е поделен,  дел со учениците дел со директорите и власта.

srednoskolci_bojkot3

На синоќешните  вонредни родителски средби,  во скопксите гимназии, класните раководители инструирани од  директорите уценувачки споделија законски одредби со кои правеа притисок врз родителите дека ќе бидат казнети по 2000 евра ако нивните деца не одат на настава и неопоравдано отсустваат.

Во повеќето училишта родителите забележуваат дека не е фер да се крши политиката врз децата, и тоа ќе треба да си го решат колективите и наставниците дали ке ги поддржат учениците во своите барања, ќе застанат зад нив,  или ќе ги кодошат, тегнат и буткаат на настава со сила.

Факт е велат родителите дека учениците мора прецизно да ги формулираат барањата,  a ресорното министерство ако сака да ги среди состојбите,  да седне и да разговвара и дека токму брзината на дијалогот и разговорите ќе го скрати времето на губење од настава а не суетниот и игнорантски однос на власта.

Сосем е небитно дали средношколците ќе бидат на улица , во холот или во училница и нема да се држи настава- тоа е само форма, но мора да бидат сосолушани и мора да им  биде респектирано правото на протест, порачаа повеќе родители кои побараа од директорите и наставниците да застанат зад учениците и да ги менаџираат состојбите.

 Дијалог со средношколците побара и Народниот правобранител кој исто така  со писмо се обрати  до министерот за образование и наука Адеми во кое му порачува сериозно да им посвети внимание на забелешките и ставовите на средношколската младина.

– Промените не треба да се донесуваат на брз начин, без консултирање на пошироката јавност, напротив, транспарентно, преку јавна дебата, вклучувајќи ги сите инволвирани страни меѓу кои и младите, со цел планирање на целосни и сеопфатни новини, взамено прифатливи, од кои ќе имаат придобивки сите подеднакво, учениците, наставниците и општеството во целина, се вели во писмото на Народниот правобранител.

Бојкот на наставата вчера имаше во гимназиите  „Георги Димитров“, „Орце Николов“ и „Никола Карев“, „Кочо Рацин“, „РЈ  Корачагин“, „ЈБТ“,  потоа се приклучија  и средните училишта Панче Арсовски и економското Васил -Антевски Дрен, а од денес наставата ќе  бојкотираат и  во тетовските и охридските средношколци.

Слични содржини