Фејсбук статус на Студентскиот пленум:

studentski plenum

Целата јавност денеска виде како Студентскиот парламент при УКИМ (СПУКМ) насилно спроведува избори, со низа правни и технички недостатоци. Насилството кулминираше на со крадење на гласачките кутии од факултетите, од страна на раководството на СПУКМ.

СПУКМ доживеа фијаско со излезноста, а оттука и се јави нивната потреба насилно да ги одземат изборните кутии, кои се во сопственост на Државната изборна комисија, со цел да ги лажира изборните резултати. Со ова, изборите спроведени денес се ништовни.

Затоа, од СПУКМ бараме веднаш да ги поништи изборите. Бидејќи се сомневаме во тоа дека Кирил Спировски и неговата изборна комисија ќе ги поништат изборите, го повикуваме Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ да не ги признае резултатите од денешните избори. Воедно, бараме од УКИМ да покрене постапка за одговорност за насилството на кое беа изложени своите студенти од страна на лица кои не се студенти на УКИМ. За ова, известуваме дека обезбедувањето на Правниот факултет, но и полицијата сведочеа на насилството и не преземаа никакви мерки.

Денес, студентите со нивното неизлегување на избори јасно кажаа дека се спротиставуваат на овој начин на студентско организирање. Токму затоа, одговорно тврдиме дека доколку овие барања не бидат исполнети, студентите ќе ја опструираат работата на СПУКМ и нема да ги признаваат одлуките на органите и телата на Универзитетот во кои учествуваат како нелегитимни претставници, но и порадикални чекори.

Нема правда, нема мир!

‪#‎ПоздравПленумци‬

Слични содржини