Светска банка ќе додели 150 милиони долари за унапредување на трговијата на Западен Балкан

од desk2

Светската банка денеска најави дека ќе им даде 150 милиони долари на земјите од Западен Балкан за унапредување на ефикасноста на гравниот сообраќаен коридор и за ширење на трговските врски, со цел да се поедностави процедувара на граничните премини, да се подобри ефикасноста на логистичките услуги и да се примени современа „паметна технологија“ за унапредување на шпедитерскиот и патничкиот сообраќај.

Цел на Светска банка е да се поедностави процедурата на граничните премини, да се подобри ефикасноста на логистичките услуги и да се примени современа „паметна технологија“ за да се унапреди шпедитерскиот и патничкиот сообраќај и стоката побрзо да стигне до купувачот.

– Граѓаните од Западен Балкан ќе имаат корист од една милијарда долари годишно, изјави главниот извршен директор на Светска банка Кристалина Георгиева.

Како што соопшти Светска Банка, Георгиева во Софија зборуваше на конференција за поголема регионална интеграција на Балканот, чиј домаќин е бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Слични содржини