Аферата со прислушувањето нема да влијае Никола Груевски да биде единствен кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ на претстојниот партиски конгрес кој ќе се одржи на 8 и 9 мај во Куманово, пишува Танјуг.

Груевски за да биде кандидат за претседателската функција на актуелната владејачка партија, ќе треба да обезбеди 30 гласови од 250 делегати колку што се планирани да учествуваат на конгресот.

Последниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ се одржа на 6 март 2011 година, а мандатот на Груевски во партијата му измина пред 12 дена.

Слични содржини