Тејлор Свифт може да се пофали со уште едно признание, иако тоа не е во форма на статуетка. 25-годишната пејачка стана најмладата жена, која некогаш била вклучена во листата на списанието Forbes за 100-те највлијателни дами во целиот свет .97891f4692072f00d471eb9479e440ff

Ѕвездата е рангирана на 64-то место, поради нејзините неспорни успеси на музичката сцена , меѓу кои рекордни продажби на нејзините албуми. Последниот албум насловен 1989, се продаде во над еден милион копии уште во првата недела по излегувањето на пазарот.

Според Forbes овие факти ја претвораат Тејлор Свифт и во една исклучително успешна бизнисменка . Изданието тврди дека пејачката го променила изгледот на ѕвездите објавувајќи многу фотографии од личниот живот на Twitter и Instagram.

Во истата класификација наоѓаат место уште Опра Винфри , која го зафаќа број 12, Бијонсе на 21-то место и Елен Деџенерис на број 50. Само четири места повисоко ќе ја  најдеме Анџелина Џоли , а Софија Вергара е 54-та. Највлијателната жена во светот останува германскиот канцелар Ангела Меркел .

Слични содржини