Тереза ​​Меј создава посебно министерство што ќе работи на Брекзит. Новиот британски премиер продолжувасо формирањето на својот кабинет, откако вчера ја презеде функцијата од Дејвид Камерон.

Премиерот назначи и посебен министер, кој ќе биде одговорен за преговорите за брекзит – евроскептикот и долгогодишен министер во сенка Дејвид Дејвис.

61015748

Некои од назначувањето веќе предизвикаа меѓународни реакции.

Министерот за правда Мајкл Гоув ја напушта Владата, а тоа е последователен пораз за конзервативецот, бранител на Брекзит. Тој отпадна и од трката за премиерската функција.

Досегашниот министер за финансии Џорџ Озборн исто напушти функцијата. Запрашан за приоритетите, новиот благајник Филип Хамонд изјави дека нема да има посебно модификација на буџетот поради излегувањето од Европската унија.
Новиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон доби критични проценки од свои европски колеги. Жан-Марк Еро, француски топ дипломат, го нарече “лажго со грбот потпрен на ѕидот”. Франк-Валтер Штајнмаер го нарече “неодговорен политичар” поради пасивната улога, која ја одигра по референдумот.

Најверојатно Борис Џонсон нема да игра особено важна улога во преговорите за излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Слични содржини