Терористот кој и избега на Германската полиција е исклучително опасен

од Vladimir Zorba

 

Германската полиција се уште трага по четвртиот осомничен за планирање терористички напад во Германија кој што вчера во градот Хемниц успеал да побегне неколку минути пред полицајците кои што го забележале, но не успеале да го фатат.

german-polic

Германската полиција и експертите за безбедност предупредуваат дека Сириецот Џабер Ал Бакр претставува опасност затоа што властите немаат информации каде е заминат ниту што носи со него, алудирајќи дека можно е Ал Бакр да има со себе оружје или експлозив.

Експертот за тероризам Елмар Тевесен во изјава за телевизијата ЦДФ вели дека „ Ал Бакр е во бегство, и фактот што нема што да загуби го прави особено опасен“.

СТРАВ ОД ТЕРОРИЗАМ ЈА ЗАКОВА ГЕРМАНИЈА! ПОЛИЦАЈЦИ СО АВТОМАТИ ЧУВААТ АЕРОДРОМИ И ЖЕЛЕЗНИЧКИ СТАНИЦИ

Тевесен се сомнева дека експлзивот кој што бил пронајден во станот на Ал Бакр е „ацетон пероксид„ (ТАТП) кој што бил употребен и во нападите во Париз и Брисел а кој што го произведуваат малку компании во светот.

Ал Бакр кој лани во Германија се регистрирал како бегалец неколку месеци бил под присмотра на германските безбедносни агенции кои што предходно од оперативни причини не сакале да ја потврдат информацијата, јавува „Фокус онлајн“.

Засега полицијата нема информации каде се крие 22-годишниот терорист, поради што се засилени безбедносните мерки на повеќе локации а за опасноста се информирани и берлинските аеродроми.

Полицијата во Заксен објави нова фотографија на која Ал Бакр е снимен неколку минути пред полициската акција потврдува портпаролот на покраинската полицијата Том Бернхард кој информира дека бегалецот со себе носи и ранец.

Двајца од тројцата уапсени во операцијата за спречување на терористички напад кои вчера беа уапсени на градскиот стадион во Хемниц и во зградата каде што жто живеел Ал Бакр се пуштени на слобода а за третиот постојат индиции дека му помагал на избеганиот осомничен терорист.1476015862-eeee

Досега околу 80 граѓани се јавиле по повикот на германските власти сите што имаат некакви информации да ги поделат со полицијата, јавува весникот „Билд“.

Слични содржини