114
Бугарски граѓани, и покрај студеното време и дождот, утрово се собраа пред Синодот на Бугарската православна црква, на, како што најавија, тивко бдеење за поддршка на барањето на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, БПЦ да биде нејзина мајка-Црква.
Бугарскиот патријарх Неофит и другите митрополити го почнаа заседавањето од зимската сесија, на кое го разгледуваат писмото од МПЦ-ОА испратено на 9 ноември, јавува БГНЕС.
Во меѓувреме истакнати личности, академици, новинари и претставници на на големи македонски семејства како Миладиновци, Дрангови, Шапкареви и Прличеви во отворено писмо изразија поддршка за барањето на МПЦ-ОА. А македонскиот владика Наум анализираше зошто е „најприродно БПЦ да биде мајка-Црква“ на МПЦ.