Триесет дена притвор за Едмонд Темелко

од desk2

Основниот суд Скопје 1 денеска потврди дека го прифатил барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за притвор на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко. На Темелко му е одреден 30-дневен притвор за случајот „Титаник” за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

-Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) за определување мерка притвор против обвинетиот Е.Т., на нејавна седница одржана на 25.9.2017 година, веднаш по прием на предлогот во судот, донесе решение со кое го уважи предлогот на СЈО и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена сметано од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т. 1 од ЗКП“, соопшти денеска кривичниот суд.

Слични содржини