Турција ќе подигне модуларен ѕид по должината на границата со Сирија по нападот во Суруч, во кој загинаа 32 лица, соопшти Reuters.

жица

Според зборовите на вицепремиерот на Турција Булент Аринч анализирани се критичните делови на турско-сириската граница и спрема нив ќе бидат спроведени мерки “со сите технолошки можности”.

“Министерството за националната безбедност претстави свој проект. Главното внимание е посветено на спречување на физичкото преминување преку границата на терористи од “Исламска држава”. За целта на границата ќе бидат поставени соодветни системи за безбедност. Одредени се и критичните делови од границата. Тие ќе бидат опремени најнапред и ќе ги добијат најновите технички средства за контрола “, рече тој.

Според податоците на претставник на турската влада на границата ќе биде подигнат модуларен ѕид со должина од 150 километри, која ќе може да биде отстранет во секое време.

Исто така на утврдено места ќе бима и бодликава жица.

Слични содржини