Умерен земјотрес ја погоди Турција

од Vladimir Zorba

  Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтерова скала синоќа го погоди југозападниот дел на Турција, соопшти турскиот сеизмолошки институт.

Епицентарот се наоѓал во округот Аричилар-Ула, југоисточно од провинцијата Мугла на брегот на Егејското Море, на 18 километри источно од градот Ула и на 23 километри источно од градот Мугла.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјана штета.

Слични содржини