Германија планирала да ја  “жртвува” Грција, да  ја остави да банкротира, во обид да ја  реформира еврозоната, напиша поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис во статија за германски “Цајт”, пренесоа агенциите.

веруфак

Според него “контролираната ескалација на долгогодишното страдање на Грците, предводена од германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, имала за цел да го отвори патот за реструктуирање на еврозоната, при што да има централен орган со овластувања за вето на националните буџети”. “Слично  сценарио требаше да е во спротивност со основните принципи на западната либерална демократија “, пишува Варуфакис. Тој додава дека на состанокот на министрите за финансии од еврозоната беше пречекан со зборовите “Изборите нема да променат ништо”.

Слични содржини