Што ветуваат ѕвездите за денешниот ден


Астрологијата е наука која ги проучува интеракциите помеѓу Сонцето, Месечината и преостанатите планети и влијанието врз животот, луѓето и причините за настаните што се случуваат на Земјата. Астрологот ги гледа овие аспекти и ги анализира.
Овен
Организацијата на времето денес целосно зависи од вас. Ќе имате можност да си обезбедите помош за да ги исполните личните цели. Постапете по сопствената волја, и можете да се потпрете на интуицијата во проблематичните ситуации.
Бик
Не обидувај се да ги претекне настаните. Ќе мора да ги менувате плановите флексибилно, независно од сите претходни планови коишто сте си направиле. Поитни задачи ќе излезат на преден план и ќе треба да се соочите со нив. Не одложувајте ги.
Близнаци
Настаните ќе бидат предвидливи. Располагате со времето според сопствените потреби и сфаќања. Ориентирајте го вашето внимание кон претходните активности, кои имаат потреба од корекции или од дополнувања.
Рак
Речиси постојано ќе запаѓате во разни конфликтни ситуации. Потрудете се да одржите неутралност. Немате доволно информации за да се мешате, а вашите аргументите најверојатно ќе бидат пречекани непријателски.
Лав
Насочете го вниманието кон деталите на тековните трансакции. Ќе бидат конкретизирани параметрите и индивидуалните задачи на секој од учесниците. Ќе се создаде јасен концепт за очекуваните резултати и дури тогаш ќе може да ги поднесете потребните документи.
Девица
Пожелно е да се работи со познати методи. Ако сепак сте решиле да си правите разни експерименти, тогаш следете ги правилата за безбедност и придржувајте се кон постоjните инструкции. Бидете подготвени за неуспех и подгответе си резервна опција.
Вага
Некој од блиските ќе се обиде да ви направи изненадување. Ценете ја желбата да ви донесе радост и среќа и потрудете се соодветно да одговорите.
Шкорпија
Во текот на денот настаните ќе се развиваат во рамките на вашите очекувања, но после пладне најверојатно ќе се случи промена поврзана со вашиот професионален статус. Првично може да не ви се допадне, но ако длабински анализирате, ќе сфатите дека немате причина за загриженост.
Стрелец
Не е пожелно токму денеска да сте премногу иницијативни. Расположението на тие околу не е за оригинални идеи. Активноста ќе биде прифатена како непотребна и може да си создадете проблеми.
Јарец
Дејствувајте во рамките на вообичаениот ритам. Не е пожелно да патувате на далечни дестинации, освен ако околностите не ве принудуваат да го направите тоа. Користете слободното време според вашите лични преференци.
Водолија
Мирен ден во кој ќе можете да уживате во вашите омилени активности. Едвај ќе се судрите со непремостливи проблеми, па ќе имате можност да се погрижиме за физичката форма и за душевната рамнотежа.
Риби
Следете ја имагинација, кога ќе морате да се занимавате со непознати активности. Односите со блиските може да се малку напнати и конфликтни. Воздржете се од манифестација на каприците и преголемите барања.

Слични содржини