Во вторник, четири дена по наголемиот терористичко напад во историјата на ЕУ, Французите играат против Англија на Вембли.

2E6F300000000578-3318549-Wembley_Stadium_in_London_lit_up_in_red_white_and_blue_last_nigh-a-48_1447544876335
Ќе биде тоа всушност еден од најважните пријателски натпревари, одигран по крвавите терористички напади во Париз.

На Французите ни на крај памет не им падна, да го одложат наппреварот. Иако прогласија тридневна жалост,ќе играат фудбал за инат на ужасот, а сликата на Вембли ќе биде порака дека Европа одлучно ќе се брани.

-„Не смееме да дозволиме убијците да ликуваат. Франција не смее никој да ја урне. Франција е на нозе. Одиме на Вембли.“, изјави претседателот на францускиот фудбалски сојуз.

Ниту еден француски репрезентативец не одби да оди во Англија, па дури ни Ласан Диар, кому му беше убиена роднина.

Цел Вембли во вторник ќе ја пее француската химна Марсељеза. Тоа е планот кој се заговара на друштвените мрежи, а англиските навивачи на тој покажат дека се заедно со францускиот народ. Учењето на химната е во полн ек, а некои од навивалите го молат англискиот сојуз да ја стават химната на голем екран.

-„Не можам да верувам дека ова го зборувам, но се надевам дека цел Вембли ќе ја пее француската химна, Ова да ми го кажа некој, веројатно би го истепал. Но во вторник ќе пееме сите заедно. Вембли нека грми. За францускиот народ.“, напиша еден од англиските навивачи на Твитер.

Слични содржини