(ВИДЕО) Груевски на протестот пред судот не сакаше да каже кога ќе ја поднесе оставката

од desk4

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска најави дека ќе се повлече од лидерското место во партијата.

По 14 години на чело на ВМРО-ДПМНЕ, тој во интервју за порталот „Курир“ најави дека оставката ќе ја поднесе пред органите на партијата.

Груевски вечерва на протестите на ВМРО-ДПМНЕ пред Кривичниот суд за приведувањата и притворите за 36 лица поврзани со настаните на 27 април, на прашање на Телма не сакаше да каже кога ќе ја поднесе оставката.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по првиот круг од локалните избори во октомври изјави дека како претседателот на партијата носи најголема одговорност за поразот, но оти по анализата каде лежи вината за поразот, тој ќе реши дали ќе се повлече или не. Груевски вечерва не сакаше да каже зошто ја донесе одлуката за оставка пред да биде објавена внатрепартиската анализа за причните за поразот.

 

Слични содржини