Вчера вечер се одржа првата финална вечер на талент шоуто „Пинкови ѕвездички“. Се натпреваруваа 14 учесници, а од нив 12 продолжија во следната финална вечер, меѓу кои нашите Мартија Станојковиќ и Антонија Гиговска.Antonia-Gigovska-Domino

Третата македонска претставничка Елена Бимбилоска, заедно со Ангела, на жалост по одлуката на гласовите на публиката, го напуштија натпреварувањето.

(ВИДЕО) Елена Бимбилоска излезе од Пинкови ѕвездички85130_image-06242119ch195_af

Антонија Гиговска од Скопје, се претстави во сосема различно издание од она на кое се навикнавме до сега со песната „Домино“ од Џеси Џеј.

Жирито се воодушеви како од нејзината игрива и весела изведба, така и од целокупниот стајлинг и ѝ упати само пофални зборови. Сепак, таа се најде во трите последни според гласовите на жирито и за влакно продолжи во следните кругови до супер финалето.

Кумановката Мартија Станојковиќ која наполни 12 години во текот на шоуто, настапи претпоследна со песната од Имани  “Don’t be so shy”.

“Преубаво, преточно, супер кореографија, мене ова навистина ме кутна. Браво“, рече Сале.

„Ја имаш таа моќ да бидеш се што ќе посакаш и во се да бидеш најдобра. Ти реков дека си најдобра. Одвај чекам да снимиш песна, ако ти не ја снимиш, јас ќе ти ја снимам“, рече Милан.

 

Од полуфиналните емисии, се до суперфиналето, за победниците одлучуваат гласовите на публиката. Телефонските линии за гласање се постојано отворени и без разлика на коментарите на жирито, само публиката може да одлучи кој ќе продолжи до врвот.

Слични содржини