94
Телото на мртвиот маж од Куманово, со иницијали К.Т. пред извесно време било извадено од влезот во зградата во која што уште живее и градоначалникот на Куманово, информира пресс24.
Според непотврдени информации, станува збор за локален бизнисмен од градежниот бизнис кој наводно се самоубил. Нема информации кои се причините за самоубиството. Од полицијата потврдуваат дека покрај него бил пронајден пиштол за кој настраданото лице поседувал дозвола.
Инаку, машко лице со прострелна рана во главата е пронајдено утрово во ходник во зградата, лоцирана на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово
Случајот во СВР Куманово бил пријавен е во 7.35 часот. /извори пресс24 и видео ТВ Нова