Велика Британија треба да ја активира постапката за напуштање на ЕУ што е можно побрзо. Пред тоа да се случи, преговори со Брисел нема да има.

Ова го изјави во емоционален говор пред Европарламентот претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

zx450y250_2785522

Велика Британија треба да почитува одлуката на граѓаните, наместо да игра на мачка и глушец и да се крие. Волјата на избирачите е повеќе од јасна – тие сакаат земјата да излезе од ЕУ, затоа треба да се преземат соодветни активности, рече тој.

Јункер додаде дека нема да има никакви преговори за односите меѓу Лондон и Брисел, пред Велика Британија да активира член 50 од Договорот за Европската унија, кој претставува почеток на двегодишниот рок за напуштање на Унијата. “Не можеме да си дозволиме долг период на несигурност”, изјави тој.

Неочекувано по Брекзит – Се трга и англискиот јазик од …

Во Велика Британија често се тврди дека не сум демократ дека сум технократ дека сум машина, робот. Изненаден сум дека јас сум подготвен да го прифатам реултатот од гласањето, а самата Британија не е подготвена да го направи тоа, истакна Јункер.

Сакам јасно да кажам дека нема да има неофицијални договори со оваа или идната влада. Затоа категорично забранив на сите еврокомесари да водат преговори со британски претставници – тоа е апсолутно недозволиво, рече претседателот.

“Односите треба да бидат поставени на нова основа и тоа нема да зависи од преговори зад затворени врати”, додаде тој. “Слушнав дека претседателот на парламентот (Мартин Шулц) И на некои парламентарни комисии реагирале емоционално на резултатите. Европа не е само интелектуална идеја и тагата во овој случај е прифатлива. Јас сум исто така натажен и не го кријам тоа. ”

Демократијата е демократија и треба да ја почитуваме, исто како и начинот на кој Британците ја изразија својата волја, рече Јункер и фразата беше пречекана со аплауз.

“За последен пат до реномираните тука”, изјави шеговито претседателот на ЕК кон британските европратеници. “Изненаден сум дека сте тука, нели се борите за Брекзит?”
Гласањето на Британците отсече едно од нашите крила, но уште летаме кон нови хоризонти, рече Јункер. Главно e Европа да остане проект на мирот и на иднината – тоа е ангажманот кој хо преземам пред вас. Ниту сум болен, ниту сум уморен, како што пишуваат германските медиуми. Јас сум она што сум. До последниот здив ќе се борам за обединета Европа.

Слични содржини