(ВИДЕО ВО ЖИВО) Ужас во Лондон: Луѓе скокаат од зградата зафатена од огнените јазици

од Vladimir Zorba

Ужас, гори 24-ката зграда во Лондон и покрај обидите на пожарникарите да го изгаснат пожарот и да ги изнесат блокираните во зградата луѓе, соопштува “Дејли мејл”.
Тоа е највисоката зграда наречена Grenfell Tower, која изградена во 1974 година, во западен Лондон и почна да гори во раните утрински часови на денот. Според привичните информации по експлозија во еден од становите настанал огнот . Се уште не е јасно дали станува збор за гасна „боца„ или нешто друго. Според очевидци ситуацијата е исклучително тешка.

Се проценува дека има еден блокиран човек на 11-тиот кат, а пожарникарите очајно се обидуваат да стигнат до него и да го спасат. Според еден од соседите некој скокна од околу 10-15 кат на блокот во обид да се спаси од пожарот. Во исто време извици од среќа се чуле во воздухот, откако 5-годишно девојче било изведено од зградата што. АП пренесува дека најмалку 15 лица се пожалине на труење од чад.

Над 200 пожарникари се борат со огнената стихија, која започн на 2-от кат на зградата и продолжува кон покривот. Според непотврдени информации има неколку повредени.

 

Слични содржини