На бурната надзорна расправа за „Космос“ на Фиат Цановски се покажаа многу нелогичности во акцијата за уривање на милионската инвестиција. Повиканите не знаеа да одговорат на многу прашања.

Screenshot_10

Овластената градежна инспекторка не знаеше од која категорија е објектот Космос, а дала налог за негово уривање. На се одговараше дека писмено ќе одговори.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, не кажа зошто беше употребена толкава полициска сила, ниту пак зошто на судијката не и бил дозволен пристап на објектот. Министерот за транспорт и врски цело време тврдеше дека е постапено по закон и дека не било политичка одмазда.

Ова се разговорите за кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев посочи дека е договарање на министерот Миле Јанакиски со премиерот Никола Груевски како да се уништи објектот на Фиат Цановски.

Слични содржини