Помошник американскиот државен секретар задолжен за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд денеска е во посета на Македонија.

victorianuland_0

Таа најпрво ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никола Попоски, а потоа ќе има средби со претставниците на власта и на опозицијата за надминување на политичката криза.

Нуланд од Дубровник упати повик до нив да го спроведат договорот за нормализирање на политичката состојба и да појдат по патот на демократски реформи кои еврокомесарот Хан ги подготви со подршка од САД.

За таа цел утре во Скопје треба да допатува и еврокомесарот Хан.

Викторија Нуланд во рамките на европската трунеја вчера го посети Косово, а после Македонија таа ќе отпатува и за Украина.

Слични содржини