Германското Министерство за здравство потврди дека пет лица се заразени од вирусот Зика во периодот од октомври 2015 година до јануари годинава.
Ова признание од германските здравствени власти доаѓа по алармот на Светската здравствена организација (СЗО) со кој беше упатено предупредување дека вирусот се шири со експлозивна брзина.
Вирусот кој го пренесуваат комарците предизвика раѓање со аномалии на огромен број бебиња. Иако засега нема научна формална потврда за поврзаноста на овие случаи со вирусот СЗО смета дека има основано сомнение за влијанието на Зика врз заболените.
Опасниот вирус прво се активираше во Јужна и Средна Америка а потоа почна да се шири во Јужна Азија и САД и на крај утврдени се и загрозени случаи и на најстариот континет.