Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање, како што предлага ММФ.

Мисијата на меѓународниот монетарен фонд по двенеделно скенирање на македонската економија препорачува- реформа на пензискиот систем со подигнување на возраста и заострување на критериумите за предвремено пензинирање, зголемување на акцизата за горивата, повисок данок на имот, а помал за лицата кои имаат ниски примања.

Министерот за финансии Тевдовскивели– Препораките ги почитуваме, но засега немаме потреба од аранжман со ММФ

– Владата ќе ги реализира проектите кои кои им ги ветиме на граѓаните, изјави Драган Тевдовски, министер за финансии

Една од забелешките на Фондот е помалата наплата на ДДВ. За Тевдовски, бројките потрфлиле првите 6 месеци, сега се подобруваат. Најавува зголемена наплата, посебно кај големите даночни обврзници

 

– Има потфрлување споредено со 2016 и планот за годинава. Во јули и август веќе има подобрена наплата. И кај големите обврзници има простор за зголемена наплата ,изјави Тевдовски

Политичката криза, падот на инвестрициите и извозот, нагативно ќе се оздразат врз македонската економија. Затоа ММФ ја намали прогнозата за оваа година. Растот ќе изнесува  1,9% , инфлацијата  1,2 отсто, а дефицитот 3%.

Слични содржини