ВМРО-ДПМНЕ тргна во кампања: Македонија ќе има проблеми по договорот со Бугарија

од Vladimir Zorba

 ВМРО-ДПМНЕ повикува Македонците да  ја казнат владејачката партија на локалните избори на 15-ти октомври. За експертската јавност пак токму во оваа реченица се гледа дека не станува збор за патриотизам  и грижа за Македонија туку за обична преизборна кампања на ВМРО ДПМНЕ.Тоа  е само сламка на која се фаќа давеникот Гуевски за глумење патриотизам исто као оној со упадот во парламентот и насловот „ За заедничка Македонија“.

Централниот комитет на македонската опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека на последната седница  биле разгледани актуелни политички прашања и се запишани неколку заклучоци. Во однос на Договорот за пријателство, соработка и добрососедство со Република Бугарија, поголемиот број членови на партијата  заклучиле дека:

прво место, ВМРО-ДПМНЕ смета дека е добро да се потпише договор за добрососедство со Бугарија, заради зајакнување на соработката и пријателството меѓу државите. Партијата сепак забележува дека во текот на годините не е постигнат договор за неколку незатворени прашања кои се однесуваат на идентитетот на македонскиот народ. Партиските членови велат дека Скопје сака Софија официјално да се раздели со тврдењата дека не го признава македонскиот јазик и го смета за дијалект на бугарскиот. Потсетува и за барањето на Бугарија за промена на учебниците по историја во Македонија “, со што де факто , според нив, македонската историја, историски личности и настани се претстават како дел од историјата на Бугарија”.

Според ВМРО-ДПМНЕ, тоа ќе ги избрише историјата на западната ни сосед за идните генерации.

“Барањето на Бугарија во договорот да се посочи дека двете земји имаат заедничка историја, е за да се потврди тезата дека македонската историја е бугарска, што доведува до тврдењето дека Македонците се измислена нација од 1944 година”, посочуваат од опозицијата .

Од партијата истакнуваат уште дека по средбата во Софија и разговорот меѓу премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев, содржината на договорот долго време е скриена  од јавноста, а бугарските медиуми и политичари покажувале видливо задоволство од документот.

“Македонија има усвоено позицијата на Бугарија за сите спорни прашања и во текстот никаде не се споменува македонскиот народ”, пишува во соопштението. “По тој повод пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дадоа своите конструктивни и добронамерни забелешки кон владата со цел текстот да биде подобрен, но наместо тоа гледаме победник и поразен. Ние нема да го поддржиме овој договор “, велат вмровците на лидерот Никола Груевски. “Со овие одредби на овој договор, можеби не веднаш, но по години од неговото потпишување, Македонија ќе се соочи со сериозни проблеми чие решавање ќе биде на нејзин штета”, велат  опозиционерите.

“ВМРО-ДПМНЕ, во такви услови, не сака да ја споделува одговорноста која владејачките од СДСМ ќе ја  имаат пред граѓаните. Потсетувам дека такви груби попусти кои ќе  имаат долгорочни последици, не беа објавени од СДСМ пред изборите, кога ја бараа  поддршката на македонските граѓани.

Партијата повикува Македонците да ја  казнат владејачката партија на локалните избори на 15-ти октомври. Оттаму додаваат дека граѓаните не треба да градат незадоволство кон соседна Бугарија, која, како и секоја друга земја се бори за постигнување на своите интереси, туку  кон владата на СДСМ.

За експертската јавност пак токму во оваа реченица се гледа дека не станува збор за патриотизам  и грижа за Македонија туку за обична преизборна кампања на ВМРО ДПМНЕ.Тоа  е само сламка на која се фаќа давеникот Гуевски за глумење патриотизам исто као оној со упадот во парламентот и насловот „ За заедничка Македонија“.

Потсетуваме дека двете влади во Скопје и Софија на 26 јули ја  објавија содржината на Договорот, кој беше одобрен и од двете Влади .

Слични содржини