Во Колумбија официјално беше соопштено дека се регистрирани 20.297 заразени со вирусот Зика, од кои 2.116 се бремени жени.зика

Светската здравствена организација во понеделник свикува итно заседание за опасноста од вирусот Зика, што се пренесува преку каснување од комарец.

Според СЗО, тој се шири со голема брзина на американскиот континент, каде што оваа година се очекуваат меѓу три и четири милиони заразени.

Во Бразил досега има 1,5 милиони заразени. нд/19:00

 

Слични содржини