Како што јавуваат светските медиуми, не се работело за контролирана експлозија.

Властите соопштија дека до детонацијата дошло при обидот за деактивирање на експлозивната направа, која се наоѓала во ранец и е една од петте направи пронајдени за време на истрагата.

Две лица го забележале пакетот во канта за отпадоци, го извадиле мислејќи дека има нешто вредно, пред да ги видат цевката и жиците.

Тие потоа го оставиле пакетот и ја алармирале полицијата, која на местото испратила дрон за да може од воздух да ја сними ситуацијата за надлежните да можат да проценат колку е сериозна.//мета