Вонредна од Кремљ! Русија откри важен документ потпишан со САД

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Кремљ го објави целосниот текст на договорот за Сирија

obama-putin

Москва го направи јавно достапен текстот на договорот меѓу Русија и САД за Сирија, соопштија од руското МНР, пренесува Sputnik News. Текстот на договорот е објавен на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи.Според неа, сила може да биде употребена за самоодбрана, додека воздушните напади, употребата на минофрлачи и ракети, како и преземањето на територии се забранува.

Главниот приоритет во Сирија, според документот, е разграничувањето на територијата контролирана од групите “Исламска држава” и “Џабхат ан-Нусра” и оваа, контролирана од сириските бунтовници, прецизира Фокус.

Според објавениот текст “секоја страна го задржува правото да го напушти договорот, ако смета дека условите не се применуваат” .

Сите Сиријци, вклучувајќи  и членови на вооружената опозиција, можат да го напуштат Алепо по патот Кастело, се наведува во договорот.

Коментирајќи ги  објавувените  документи , Министерството за надворешни работи изјави дека предложило да го направи документот јавен, но Вашингтон одбил да го стори тоа. Овој потег  покренал “некои прашања дали САД се искрени или не”.

“Неподготвеноста на САД јавно да ја потврди посветеноста за разграничување на опозицијата од” Џабхат ан-Нусра “, филијалата на” Ал Каеда “во Сирија, и заедничкото спроведување на воздушни удари против терористи и нивните соучесници, кои не го прекинаа насилството привлекува посебно внимание “, гласи пораката на министертвото .

” Вашингтон ни увери во февруари, пред седум месеци дека ќе примени максимални напори даги  разликува опозициските сили. Тоа сепак не се случи на пракса, што овозможи џихадисти да ги  користат “умерените” опозициски групи како штит, додека продолжуваат да вршат крвавите напади со надеж за неказнивост “, истакнуваат од МНР на Русија.

Целосниот текст на договорот меѓу Москва и Русија може да види ТУКА !

Слични содржини