Времето  во Македонија сончево и топло со мала локална облачност и слаб ветер, претежно од североисточен правец. Попладне на крајниот запад со услови со услови за краткотрајна нестабилност

жешко

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб ветер, претежно од североисточен правец.

Утринската температура до 19, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Потоа следува период на претежно стабилно и многу топло време. Особено топло ќе биде в недела и во првите два дена од наредната недела кога во југоисточниот дел на земјава на повеќе места се очекува температурата да достигне околу 40 степени, а УВ индексот ќе продолжи да има висока вредност 8.

 

Слични содржини