Вучиќ : Косоварите пробале да ја минираат пругата па да испровоцираат судир !

од Vladimir Zorba

„Косовските Албанци се обидоа најпрво да го минираат возот Белград-Косовска Митровица, а по неуспешниот обид испратија полиција да го уапси возачот, патниците и да испровоцира судири“, изјави денеска српскиот премиер Александар Вучиќ, пренесоа српските медиуми. Возот однадвор бил украсен во боите на српското знаме, на него биле испишани имињата на српските цркви, манастири и средновековни градови во Косово. Покрај тоа имало и натпис „Косово е Србија“ на 21 јазик, вклучувајќи и на албански.

„Повторувам дека тоа беше патнички воз, кој требаше да ги поврзе луѓето и градовите. Сакам да кажам дека вечерва добивме информација дека Албанците, нивните специјални единици се обиделе да минираат дел од железничката линија, но и тоа не успеале да го направат како што треба. И што направија, испратија вооружени единици со автоматско оружје на косовската полиција од Лужана на граничниот премин „Јариње“, да го уапсат машиновозачот и патниците, и да испровоцираат судири“, рече премиерот.

Вучиќ додаде дека целта на косовските власти била да „испровоцираат конфликт“. Тој ја повика Приштина да не се обидува да ги напаѓа со оружје Србите во Косово и Метохија, бидејќи Белград „нема да го дозволи тоа“.

ВУЧИЌ: ВОЗОТ ОСТАНУВА ВО РАШКА

Премиерот на Србија Александар Вучиќ изјави оти донел одлука возот кој тргна од Белград да биде запрен во Рашка за да се сочува безбедноста на патниците и да се избегнат судири.

“Кон Косовска Митровица тргна патнички воз, а не тенк, но се случуваат речиси неверојатни работи,изјави Вучиќ, вечерва по итната седница на Бирото за координација на службите за безбедност.

“Ја известив Могерини дека сум разочаран од реакцијата на ЕУ на овие случувања. За овие случувања ќе ја известиме и Русија, утре и Кина и потпретседателот на САД, за да ги известиме дека Приштина игра воени игри, рече Вучиќ.

“Србија сака мир, Србите ги повикувам да останат мирни, а моето последно предупредување и молба до Албанците на Косово и Метохија е да не се обидуваат да ги нападнат Србите со оружје, зашто Србија тоа нема да го дозволи”, изјави Вучиќ.

Наaјвено е дека утре ќе се одржи седница нa Советот за национална безбедност.

Денеска од главнатa железничка станица во Белград прв пат по 18 години тргна воз

Слични содржини