За оние со бугарски пасоши! Се отвараат портите за Канада…

од desk3

Канада наскоро ќе даде јасен сигнал за елиминацијата на визите за бугарските и романските граѓани. Ова очекување го има европратеникот Андреј Ковачев. Тој рече дека двете страни веќе се изјасниле категорично дека нема да го поддржат договорот помеѓу Европската унија и Канада, ако државата зад океанот одбие да ја забрза елиминацијата на визите. “По прашањето за визите имаме преговори директно со канадската страна, се разбира со поддршка на европските институции”, објасни пред БНР Ковачев.

bugarski-pasos2

Во врска со потпишувањето на договорот со Канада, а така исто и со САД, европратеникот го коментира следново: “Овие трговски договори со нашите најдобри пријатели и партнери не треба да се сметаат за нешто лошо, напротив – тоа е добар чекор за тоа нашиот демократски свет поставува по стандардите “.

Ковачев е категоричен дека овие договори ќе бидат во интерес на двете страни, на граѓаните на ЕУ, на фирмите на ЕУ, на мали и средни бизниси.

Слични содржини