Забрана за товарни возила на Стража, Пресека и на патот Маврово-Дебар

од Vladimir Zorba

 

На планинските превои Стража и Пресека и на патниот правец Маврово-Дебар од вечерва е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила поради обилни врнежи од снег, соопшти ЈП Македонијапат.

Сообраќајот на останатите патишта низ Македонија се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП Македонијапат информира дека дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, а до возачите апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Слични содржини