Заев ќе почека за средба, ИВАНОВ пак нема време ,сега ќе одел на РОДИТЕЛСКА во ТУРЦИЈА !?

од Vladimir Zorba

 И покрај спремноста на лидерот на СДСМ Зорн Заев да појде и сам и со коалицијата за да дадат гаранции за унитарноста , и го убедат претседателот Ѓорѓе Иванов  кој треба да го даде мандатот, тоа сепак ќе почека. Иванов пак е зафатен.

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов нема да се сретне со лидерот на СДСМ Зоран Заев наредниве денови за да ги прими гаранциите за унитарноста, бидејќи заминува за Турција, дознаваат неофицијално од САКАМДАКАЖАМ.МК. Официјална изјава од кабинетиот на шефот на државата нема.

Но Иванов, велат извори блиски до неговиот кабинет, не би требало да го испушти рокот од десетте дена за одлука за доделувањето на мандат на Заев, бидејќи од Турција се враќа во недела.

„Се работи за претходно планирана приватна посета, бидејќи претседателот како родител е поканет на настан поврзан со активностите на неговиот син Иван, кој ќе се случува на универзитетот во Турција каде што студира“, велат  изворина СДК.

„Добив согласност и од лидерите на ДУИ Али Ахмети и на Алијанса за Албанците Зијадин Села, а ќе се видам и со Билал Касами, и целта е ние лидерите на партиите зад кои стојат 67 потписи да изразиме подготвеност да го посетиме Иванов во неговиот кабинет. Целта ни е да му потврдам и да му го гарантирам од мое и од името на сите наши коалициони партнери, сето она што наводно беше негова загриженост, а тоа е унитарноста на државата, почитувањето на Уставот, нашето мултиетничко општество, реформите и економските перспективи и сето она што беше можна дилема или изговор. Сите се за план со кој ќе му помогнеме на Иванов да има причини за да се даде мандатот. Се надевам дека оваа средба ќе биде во почетокот на идната седмица“, изјави Заев./СДК

Слични содржини