AMB

Амбасадорот на САД Џес Бејли, амбасадорот на ЕУ Аиво Орав, амбасадорката на Германија Кристин Алтхаузер, британскиот амбасадор Чарлс Гарет, француската амбасадорка Лоренс Оер и италијанскиот амбасадор Массимо Белели, денеска ќе остварат средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според соопштението од ДУИ,ќе се разговора за безбедносната ситуација и политичката криза во Македонија.

Вчера, оваа група амбасадори имаше средба со премиерот Никола Груевски, по што побараа преземање мерки и одговорност во врска со содржината од прислушуваните разговори што ги објавува лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Слични содржини