📷Mansory Rolls-Royce Spectre

од Vladimir Zorba

Електричниот Rolls-Royce Spectre сега доби и поширока Mansory програма за тјунинг, откако претходно беше достапен само нов сет на тркала од оваа тјунинг компанија.

Тоа беа Mansory FD.15 тркала од 23 инчи со полиран финиш и самонивелирачки централен Mansory амблем.

Сега се појави и целосно модифициран Mansory Spectre, со пакетот што ги менува браниците, предниот спојлер, хаубата, страничните прегради, задниот дифузор, задниот спојлер и уште неколку различни опции на тркалата (вклучувајќи ги и 24-инчните).

Одредени детали може да бидат и во златна боја, со црна боја што го покрива остатокот од телото.

Освен тоа, во понудата ќе има и бројни опции за доработка на ентериерот, во случајов црна и портокалова кожа, детали од карбонски влакна, безбедносни појаси со логото Mansory, Mansory педали, Mansory лого на потпирачите за глава…

Очигледно, Mansory нема да го допре електричниот погон кој има 430 kW/584 КС и вртежен момент од 895 Nm.

Слични содржини