📸 Џенифер Лопез во фустан со хороскопски знаци, долниот дел е чист спектакл

од Stefanija Kuzmanovska
268 прегледи

Џенифер Лопез и нејзиниот сопруг Бен Афлек беа главни ѕвезди на премиерата на филмот „This is Me… Now: A Love Story“ која се одржа во театарот Долби во Лос Анџелес. Насмеаните сопружници позираа во прегратка на црвениот тепих, а Џеј Ло блесна во интересна креација со потпис на либанскиот дизајнер Зухаир Мурад.

Фустанот од модната колекција есен/зима 2022 на Зухаир Мурад е дизајниран со кадифен горен дел со длабоко деколте во V. Половината е дополнително нагласена со едвај забележлив ремен во истиот материјал како и фустанот. Отворениот горен дел е без прерамки, а изгледот е комплетиран со долги црни ракавици без прсти.

Долниот дел од фустанот е спектакл сам по себе, пресечен како широко макси здолниште од проѕирен црн материјал и украсен со светкави сребрени камења и тенки ленти, имитирајќи го ѕвезденото ноќно небо. Работ на долниот дел од фустанот е украсен со симболи и слики од хороскопските знаци, а над секоја слика е напишано името на знакот.

Елегантната кадифена клач чанта, светкавите обетки и гламурозните прстени одлично се совпаднаа со вечерниот стајлинг на Џенифер Лопез за премиерата на филмот „This is Me… Now: A Love Story“. Токму на време за Денот на вљубените, подот по кој одеа Џенифер и Бен беше расфрлан со црвени рози.

Слични содржини