📽 Морган Фримен непрепознатлив: Актерот изгубил повеќе од 25 килограми

од Stefanija Kuzmanovska
2,K прегледи

Новото видео од легендарниот актер Морган Фримен кое се појави во јавноста ги загрижи неговите обожаватели бидејќи се чини дека неговата здравствена состојба се влошува.

Папараците го „уловиле“ актерот во Њујорк додека излегувал од зграда и влегувал во автомобил. Тој значително ослабел и многумина едвај го препознаа.

@underratedsimpsons Golden years of a silver screen icon. #morganfreeman ♬ Brooks Was Here – Thomas Newman & Hollywood Studio Symphony

„Жал ми е што го гледам ваков“, „Се чини дека е време да се збогуваме со актерите кои ни го разубавија детството“, се некои на коментарите на обожавателите на големиот актер.

Некои беа заинтересирани и зошто Фримен носи ракавица за компресија на едната рака. Имено, тој имал сообраќајна несреќа во 2008 година. Неговиот автомобил слетал во канал, а лекарите морале да користат хидраулични ножици за да го ослободат од возилото. Имаше повеќе скршени коски и поминал повеќе од четири часа на операција.

Не можел да ја движи левата рака, почнала да отекува, па одлучил да носи компресивна ракавица за да ги ублажи симптомите. Има трајно оштетување на нервите и неподносливи болки во рамото.

Неговите пријатели во август годинава објавија дека изгубил повеќе од 25 килограми.

Слични содржини