Јелен: Мора да преземеме мерки за да ги зачуваме банкарските депозити на Американците безбедни

од Stefanija Kuzmanovska

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, изјави дека е подготвена да преземе дополнителни мерки за да се осигура дека банкарските депозити на Американците остануваат безбедни во услови на турбуленции во банкарскиот систем.

„Користевме мерки за брзо дејствување за да спречиме прелевање на кризата“, рече Јелен на сослушувањето на Комитетот за доделување средства во Претставничкиот дом на САД, пренесува „Ројтерс“.

„Тоа се алатки кои би можеле повторно да ги искористиме за институција од која било големина, ако процениме дека нејзиниот неуспех ќе претставува системски ризик“, додаде таа.

Слични содржини