🎥Брод со храна пристигна во Газа, брановите го отежнуваат истоварот

од Симе Стоиков

Брод кој влече шлеп натоварен со храна денеска пристигна во Газа, изјавија очевидци, при тестирањето на новата рута за помош од Кипар до опустошената палестинска енклава, која е во опасност од глад по петмесечната израелска воена кампања.

Бродот, организиран од хуманитарната организација „World Central Kitchen (WCK)“, е натоварен со речиси 200 тони помош, која ќе биде испорачана преку импровизирано пристаниште во Газа. Се очекува наскоро да исплови вториот брод.

Видеото објавено од официјален претставник на „WCK“ на социјалните мрежи покажува разбрануваното море како го забавува истоварувањето на товарот на копно.

„WCK“ градеше импровизиран пристаниште што ќе овозможи шлепот со рамно дно да пристапи до плитките води на Газа поради недостатокот на соодветна пристанишна инфраструктура.

Слични содржини