🎥ИДФ објави наводна снимка од тунел на Хамас под болницата Ал-Шифа

од Vladimir Zorba

Израелската армија денеска објави видео, за кое тврди дека покажува тунел на Хамас долг 55 метри и длабок 10 метри под најголемата болница во Појасот Газа, Ал-Шифа.

На видеото се гледаат скалила на приземјето, меѓу урнатините на болничкиот комплекс Ал-Шифа, кои водат до тунел на чиј крај има огромна врата, јави Би-Би-Си.

„Овој тип на врата терористичката организација Хамас го користи за да ги блокира израелските сили да влезат во подземните командни центри на Хамас“, се вели во соопштението на израелските одбранбени сили (ИДФ).

Слични содржини