🎥Зеленски: Четири загинати и најмалку 92 повредени во рускиот напад со проектили и дронови

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека четири лица загинале, а најмалку 92 се повредени во нападот со руски проектили и беспилотни летала врз Украина.

Тој рече дека од 31 декември Русија лансирала околу 170 нападни беспилотни летала „Шахед“ и десетици различни ракети кон Украина.

„Веќе трет ден нашата ПВО (воздушна одбрана) врши неверојатна работа. Им благодарам на сите партнери кои помагаат да се зајакне нашиот воздушен штит. Очигледно е дека помага да се спасат стотици животи секој ден и секоја вечер, што ќе ги однесеше рускиот терор да не беа „Патриот“ и другите одбранбени системи“, напиша Зеленски на Телеграм.

Слични содржини