📷 Косово бесно по она што им го направи Ерменија на пријателскиот меч

од Симе Стоиков

Во петокот во Ереван се одигра пријателски натпревар помеѓу домашната селекција на Ерменија и Косово, која победи со 1:0, но тамошните медиуми говорат за скандалозниот потег на домаќините.

Иако натпреварот се одигра како пријателски, очигледно не беше. Ерменците не го сакаат Косово, не ги признаа како независна држава и ја искористија оваа прилика повторно да им покажат непочитување.

Имено, Ерменците решија да си поиграат со знамето на Косово, па го превртеа на својот дрес. Така, косовското знаме на градите на ерменскиот фудбалер беше превртено наопаку, а Косовците набрзо гневот го истурија на социјалните мрежи бидејќи забележале што им направиле.

Поради ова, тие го обвинија и Макрон, кој произведува и снабдува опрема за Ерменија, но очигледно за тоа беа виновни домаќините на натпреварот, кои загубија со 1:0, а Милот Рашица го постигна единствениот гол на натпреварот.

Слични содржини