📷Кралот Чарлс за прв пат во јавност по лажните тврдења дека умрел

од Симе Стоиков

Руските медиуми тврдеа дека кралот Чарлс е мртов, но тој денеска се појави во јавноста.

Папараците го фотографирале додека заминувал од Виндзор, како седи на задното седиште од својот автомобил, пишува Дејли Меил.

Да потсетиме, руските медиуми претходно објавија дека кралот починал на 75-годишна возраст, како последица од компликации од рак, повикувајќи се на неименувани „медиумски извори“.

Сето ова се случи откако на социјалните мрежи кружеше слика од лажна изјава од Бакингемската палата за „неочекуваната смрт“ на монархот.

„Кралот Чарлс III од Велика Британија почина на 75-годишна возраст, според пишувањата на медиумите. Нема информации за ова на веб-страницата на кралското семејство или во британските медиуми“, гласеше поракта.

Слични содржини