📷Меколи Калкин доби ѕвезда на Булеварот на славните

од Vladimir Zorba

Меколи Калкин, кој го играше осумгодишниот Кевин Мекалистер во божиќниот филм „Сам дома“, доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во Лос Анџелес, јавува Би-Би-Си.

На церемонијата во петокот, тој повторно се сретна со актерката Кетрин О’Хара, која ја играше неговата мајка во хит филмот од 1990 година.

„Ти ја заслужуваш својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. И ти благодарам што ме вклучи мене, твојата лажна мајка, која те остави сама дома, не еднаш, туку двапати, да учествувам во оваа среќна прилика. Се гордеам со тебе“, рече таа.О’Хара.

На Калкин му се придружи и неговата свршеница, актерката Бренда Сонг, со нивните два мали сина.

Калкин рече дека оваа чест му е важна како татко.

Празничниот класик „Сам дома“ и денес е исто толку популарен како што беше во 1990 година кога беше првпат прикажан.

Слични содржини